Во кругот на студентски дом на подрачјето на Гази Баба ноќеска во 01.50 часот од слобода е лишен Е.Б.(41) од Скопје, кој се сомничи дека околу 01.30 часот извршил тешка кражба од бензинска пумпа на истото подрачје, оштетувајќи го стаклото од влезната врата, при што одзел повеќе производи, информираат од МВР.
– По преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од Полициска станица Гази Баба, сторителот бил пронајден, а кај него биле најдени и одземени украдените производи, кои ќе бидат вратени на сопственикот, се додава во соопштението.
Од МВР посочуваат дека Е.Б. е приведен во полициска станица и по насоки на дежурен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, по комплетирање на службениот материјал, против него ќе биде поднесена кривична пријава.