Откако на официјалниот Фејсбук профил на Здружението на естрадни уметници ЗЕУМ беше објавен статус во кој се вели дека неговите челни луѓе по втор пат ќе побараат помош од државата, но овој пат исклучиво за музичарите кои се членови на здружението, Наум Петрески силно „удри“ по своите колеги, а чашата ја прелија онија кои наводно се декларираат како естрадни уметници и ѕвезди, но, според него, не се од негов ранг.
– Носете се у мајчина сите вие таканаречени уметници и ѕвезди, без никаков багаж и тежина со се шарената Ваша влада, – стои во коментарот на Наум Петрески, објавен на профилот на Здружението на естрадни уметници.
Инаку, и претходно Наум Петрески знаел бурно да изреагира и без влакна на јазикот да коментира за други музичари и негови колеги од светот на музиката.