ВО ВЕНИТЕ НА ТИЈАНА ТЕЧЕ БУГАРСКА КРВ – пишува бугарскиот весник “Труд“

by Тони Зографски

Според бугарскиот весник “Труд“ сестрите Тијана и Тамара се Бугарки. Нивните новинари „копале“ во семејната лоза на фамилијата Тодевски и ископале неверојатни податоци.

-Тијана е родена  во семејството на македонски татко Бугарин и мајка Србинка од Босна и Херцеговина – Велко и Бранка. Во 1999 година дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Ужива во успешна музичка кариера во Србија веќе 20 години, – пишува меѓу другото во „Труд“.
-Освен добра актерка, Дапчевиќ се труди да биде и совршена домаќинка. Таа сака да ги чести саканите мажи дома со палачинки, затоа што како што вели Вук ги обожува. Често приготвува и паста, во нејзиното семејство познато како „лазањатата на Тијана,- пишуваат Бугарите.

Инаку, Тијана за бугарската јавност стана позната по улогата на Ула, во серијата „Преспав“, каде пак гостуваше и бугарската актерка Јана Маринова.

 

 

останати вести