Бијонсе со 11-годишната ќерка Блу Ајви на сцената во Дубаи (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Бијонсе се врати на музичката сцена со голем концерт одржан во Дубаи.

По повод отворањето на новиот луксузен хотел „Atlantis The Royal“, 41-годишната музичарка имаше приватен концерт на кој присуствуваше целото нејзино семејство. Додека ја изведуваше песната „Brown Skin Girl“, таа ја покани пораснатата ќерка Блу Ајви на сцената.

Дуото мајка-ќерка изгледаше гламурозно. Бијонсе носеше жолта креација од Atelier Zuhra, а 11-годишното девојче беше облечено во црвена блескава креација.

https://twitter.com/i/status/1617121244981198848

 

останати вести