Нови 30 дена вонредна состојба прогласи претседателот Стево Пендаровски по завршувањето на денешната седница на Советот за безбедност.
На прес-конфереција преседателот Пендаровски ја соопшти одлуката на Советот за безбедност во врска со продолжување на вонредната состојба.
-Според сите расположливи ресурси имаме позитивен развој во Дебар и Центар Жупа, во Куманово се влошува ситуацијата, можеби таму ќе се приемни карантинот по примерот на Дебар во следниве денови.На Советот се согласивме дека сите работат максимално посветено, армијата полицијата се на терен и се практикуваат мерките на СЗО. Според предложените одлуки вонредната состојба продолжува и во наредните 30 дена. По празниците Владата ќе мора да донесе одлука за ублажување на мерките за пополека да започнеме да функционираме и да се вратиме во нормала, изјави преседателот Стево Пендаровски.