Новак Ѓоковиќ е вистински виртуоз со тенискиот рекет , но сега покажа дека има и некои други таленти.
Популарниот Ноле во стилот на Мајкл Џексон сега ги воодушеви фановите со своите танчерски способности.
Српскиот тенисер и францускиот уметник и танчер Салиф Геје се дел од новата кампања на главниот спонзор на Новак, па одлично се забавуваа на снимањето.
Младиот Французин Салиф Гаје е познат како уличен танчер од Париз. Неговиот потпис е „moonwalk“ кој го доведе до совршенство. На нашиот тенисер му покажа и некои тајни, Ноле се обиде да научи чекори и движења, но дефинитивно подобро се снаоѓа на тенискиот терен. Во секој случај одлично се забавуваа и ја задржаа насмевката на нивните лица. Србинот го воодушеви Салиф, но и фановите на социјалните мрежи.
„Тој не е само шампион туку и неверојатно човечко битие. Ноле, горд сум што сме во ист тим“, напиша Салиф на Инстаграм.