Пријателите на Џек Николсон се загрижени за него бидејќи повеќе од една година не се појавил во јавност.
Тие се плашат дека неговиот начин на живот не е добар за неговото здравје и наведуваат дека се однесува како волк самотник. Николсон повеќе не се појавува ниту на натпреварите на Лејкерс, кошаркарскиот тим за кој страсно навива.
Ѕвездата која има 6 деца, последен пат беше видена на кошаркарски натпревар на Лос Анџелес Лејкерс во октомври 2021 година со својот син Реј. Оттогаш поголемиот дел од времето го поминува сам во својата вила на Беверли Хилс.
„Џек е во контакт со одредени роднини, особено со Реј на кој е многу горд, но неговите денови на дружење се одамна поминати“, рекол извор за странските медиуми.
Пријателите на Николсон наводно се плашат дека неговите последни години наликуваат на оние на неговиот пријател Марлон Брандо, кој почина како самотник во 2004 година.
„Брандо почина како самотник по толку живописен живот, а пријателите на Џек прават споредби. Неговите деца го посетуваат, но тие му се единствениот контакт со светот“, додал изворот.