Дијана Ѓоковиќ, мајката на Новак Ѓоковиќ, пред насобраните пред Собрание изјави дека нејзиниот син не добива доручек додека со наоѓа во притвор во хотелот за мигранти.
– Драги пријатели, ни давате голема поддршка која ние му ја испраќаме на Новак. Во овие моменти поддршката е наважна, не сме многу, но сме многу силни. Новак одлучи да ја истера правдата, да докаже дека не е виновен. Тие го затворија, не му даваат дури ни доручек. Има ручек и вечера, но за доручек нема ништо. Ви го зборувам тоа што тој ми го кажа. И во затвор имаат по три оброци на ден и право да излезат надвор. Новак нема ниту нормален прозорец, да гледа во паркот туку гледа во ѕидот. Тоа не се хумани услови.Одиме понатаму, се надевам дека ќе победиме – изјави Дијана.
Срѓан Ѓоковиќ, таткото на првиот тенисер на планетата, коментираше дека Владата на Австралија сепак може да го уапси Новак, дури и ако победи на суд.
Српскиот тенисер од средата се наоѓа во хотел за мигранти во Мелбурн, откако австралиските власти му ја укинаа визата и побараа да ја напушти земјата. Но, бидејќи Ѓоковиќ вложи жалба до врховниот суд во Мелбурн, тој се наоѓа во „притвор“ се до завршувањето на сослушувањето и конечната одлука.