Водителката Николина Пишек реши да ја продаде пространата вила во Хрватска за 1.700.000 евра. Луксузната вила сместена во загребскиот Шестин неодамна била ставена на продажба и само два дена по објавата на огласот, е продадена.
Куќата има 420 квадрати, отворен простор, а се состои од голем двор, кујна која има излез на базен, три спални соби и простор за персоналот. Дворот има 1460 квадрати.
Продажната цена била 13 милиони куни, односно 1,7 милиони евра.
„Уникатна куќа сместена во Шестин на мирна улица со прекрасен поглед и базен. Планирано е реновирањето да заврши во јануари. Опремена е со врвни материјали, алуминиумска столарија, греење со топлински пумпи, подно греење поставено во целата површина на куќата, „smart house“ систем, опремена за соларни панели, „terrazzo“ подни облоги по целата површина на куќата“, било наведено во огласот.
Опремена со материјали со врвен квалитет, алуминиумска столарија, греење со топлинска пумпа, подно греење поставено на целата површина на куќата, систем за паметна куќа, подготовка за соларни панели, подни облоги на целата површина. Николина и нејзиниот сега покоен сопруг Видоје Поповиќ подигнале два заеми за да ја изградат.
Инаку,Видоје почина ненадејно на 44. години. Беше српски историчар на уметноста, а живееше и работеше на релација Белград-Загреб. Тој од првиот брак ја има ќерката Матеа, а во декември 2014. година, Николина и Видоје ја добија ќерката Уна Софија.