Елизабета Каналис (45) беше верена со актерот Џорџ Клуни. Се шпекулираше дека додека траела таа романса, таа имала афера со српскиот кошаркар Марко Јариќ, кој не ги коментирал тие наводи.
За врската на убавата бринета и Јариќ пишуваше и „ukamericansportsfans.com“ во 2012 година. Интригантната двојка ги полнеше страниците на таблоидите. Две години подоцна, се пишуваше за венчавката на Каналис со хирургот Брајан Пери.
Во јули минатата година беше најавен нивниот развод, иако нема никакви вести дека завршила бракоразводната парница.
„Ние сме разделени, но сè уште не сме законски разведени. Гледајќи наназад, кога се омажив, не очекував дека работите ќе одат вака. Но, со текот на годините сфатив дека постојано се менуваме и дека односот неизбежно може да се промени. Може да се соочите со разделбата на трауматичен начин или да се погледнете во очи обидувајќи се да се разберете еден со друг. Брајан и јас сме дел од оваа втора група“, изјави таа неодамна за ilmessaggero.it каде оваа италијанска актерка и текстописец исто така зборуваше за нејзината 8-годишна ќерка и која е причината зошто актерката не се враќа од Лос Анџелес во Италија.
„Мојот приоритет и приоритетот на Брајан од самиот почеток беше да не го нарушиме нејзиниот живот. Се обврзавме да не ги менуваме нејзините навики. Се разбира, не е лесно. Но, никогаш не би го одземала таткото каков што е Брајан од мојата ќерка. Кога ќе биде постара, ако некогаш сака да студира во Италија и ако татко ѝ се согласи со тоа, тоа ќе се случи. Но, сега е премногу рано да се зборува за тоа“.
Елизабет моментално е во врска со романски кик-боксер по име Џорџијан Симпијану, кој е 5 години помлад од неа. Тој беше светски првак во оваа спортска дисциплина и трикратен шампион на Италија.
Коментирајќи ја оваа љубов, Каналис вели дека е среќна и се чувствува многу добро како и дека нејзиниот партнер морал да го разбере деликатниот развод со кој се соочила и се соочува.