Сефовите се очекува да бидат меѓу 100 и 100.000 кубни метри и, наводно, ќе обезбедат постојана релативна влажност од 40 проценти и температура од 53 ° F (12 Целзиусови степени), што ќе овозможи чување не само на злато, туку и пари и уметнички дела.
„Bruenig Mega Safe AG“ објави дека ќе гради гигантски сефови во срцето на швајцарските Алпи, во рамките на масивот Бруениг, кој се наоѓа во близина на градот Луцерн. Проектот напредува во соработка со „Gaser Felstehnik AG“, кој е специјализиран за подземна градба. Компанијата изјави дека изградбата на коморите ќе започне следната година и ќе трае најмалку 18 месеци.
Според компанијата, најмалку десетина богати клиенти покажале интерес за проектот, а фирмата сега преговара со нив. Првичната цена на услугата се очекува да биде 500.000 американски долари, но на „Bruenig Mega Safe AG„ му се потребни најмалку 7,5 милиони долари од првичните клиенти за да започне со изградба, изјави член на одборот.