Белгискиот арбитражен суд отвори процес за одземање на лиценцата на фудбалскиот клуб Mускрон поради сомнеж во финсиското работење и постоење на конкретни докази дека зад неговата управа стои менаџерската ангеција на еден од најмоќните менаџери во светот, тетовецот Фали Рамадани.
Белгиски “Стандард“ пишува дека доказите за дисквалификација на прволигашот Мускрон од сите натпреварување се пронајдени во текот на опсежна истрага во која се прислушкувале телефони и се читале мејлови.
Најсигурен доказа за матните финансиски работи на клубот е присуството на извесен Алимир Тотиќ во Управниот одбор на клубот, поставен во март, во 2018 години. Тотиќ е регистриран како директор на компанијата “Итимат Д.О.О.“ које е во сопственост на бившиот турски кошаркарски репрезентативец Мирсад Јаховиќ а кој работи како менаџер во агенцијата на Фали Рамадани, “Лиан Спортс“.
Инаку, на 22 февруари цивилната гарда на Шпанија цели шест часа му ја претресуваше куќата на Фали Рамадани во Мајорка од каде била одземена бројна документација.