Една од најубавите холивудски актерки Пенелопе Круз се појавила на доделувањето награди во рамките на Интернационалниот филмски фестивал во Сан Себастијан.
Во таа пригода, таа добила важна награда за голем придонес во шпанската филмска индустрија Premio Cinematografia.
Актерката ја гази петтата деценија од животот, додека на доделувањето награди ги засенила сите присутни со својата модна комбинација, која направила да изгледа помладо.
Имено, Пенелопе заблескала во барби комплет на „Шанел“, кој истовремено ја направил елегантна и младолика. Актерката е позната како верна љубителка на оваа модна куќа, па станала и нивна амбасадорка.
Розовиот комплет од твид е одличен избор за свечени пригоди од ваков карактер, додека бојата му дава впечатливост. Комплетот совршено ѝ стоел, додека црната коса во контраст со розовата ѝ помогнала да заблеска.