Џејмс Макартни, синот на легендарниот музичар Пол Макартни, оваа недела се прошета низ Лондон во лежерна облека.
45-годишниот Џејмс, кој неверојатно личи на својот татко, папараците го фотографирале во Лондон додека пиел кафе со пријател. Носел гитара со себе.
Се дружел со пријателот на терасата од кафулето.
Пол го доби синот Џејмс со неговата покојна сопруга Линда. Џејмс соработувал со својот татко на некои од неговите албуми, а објавувал и своја музика, но најмногу сакал да се сокрие од центарот на вниманието. Пред да тргне по стапките на својот татко, тој работел како келнер.
Својот деби сингл го издал во 2010 година, а три години подоцна го издал својот прв албум. Тој соработувал со неговиот татко на вториот албум The Blackberry Train.