На кинески шампион му ја одзеле титулата- вршел нужда во хотелска када (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Јан Ченглонг (48) бил шампион во игра на табла Ксијангки, познат и како кинески шах, но морал да ја предаде титулата поради недоличното однесување по освојувањето на турнирот.

Тој ги негирал обвинувањата дека користел секс играчка за да изневерува на турнирот, пишува CNN.

Аматерот од централната кинеска провинција Хенан победи во финалето на турнирот „Шаховски крал“ во островската провинција Хаинан на 17 декември, освојувајќи повеќе од 12 илјади евра. По истрагата на кинеската асоцијација Xiangqi (CXA), која го организираше турнирот, Јан ја загуби шампионската титула поради лошо однесување во хотелот по турнирот, соопшти здружението.

Здружението тврди дека Јан вршел нужда во кадата на хотелот и ја вандализирал собата по неколку пијачки. Понатаму се наведува дека Јан го нарушил јавниот ред и мир и ќе биде суспендиран од сите турнири во Ксијангчи на една година.

По турнирот, на строго контролираните социјални медиуми во Кина се појавија тврдења дека Јан можеби изневерувал користејќи вибрирачка секс играчка (анални топки) за да комуницира со другите. Обвинението потоа го пренесоа бројни кинески државни медиуми. Но, Јан цврсто ги отфрли обвинувањата.

Во интервју за China Newsweek, Јан тврди дека ќе се жали на одлуката на здружението да го казни за инцидентот во хотелот. Тој, исто така, вети дека ќе преземе правни мерки против, како што рече, „клеветничките коментари“ на онлајн блогерите.

Во својата изјава со која објави дека на Јан му е одземена победата, CXA соопшти дека не може да заклучи од достапните информации дали Јан користел секс играчка за да изневерува како што шпекулираат медиумите.

Во своето интервју за China Newsweek, Јан рече дека му се слошило по турнирот и се обидел да ја исчисти кадата, но заминал набрзина да фати лет. „Му се извинувам на целото општество за моето лошо однесување“, рече тој во телефонскиот разговор. Си-Ен-Ен не можеле да дојдат до Јан за коментар.

Според Глобал тајмс, Јан претходно го освоил Отвореното првенство за мажи на националните игри во Кина во 2021 година и игра веќе неколку децении. Ксијангки е исклучително популарен низ целата земја и меѓу кинеската дијаспора.

останати вести