Сесил Елеџ прифатила да биде сурогат мајка на својот син Метју (32) и на неговиот маж Елиот (29) кои се венчале во 2015 година. Иако десетина година била во менопауза Сесил прифатила да им роди дете на овој брачен пар.
По направените тестови, докторите и рекле дека има тело на четириесетгодишна жена и забременила по првиот обид, Таа родила здраво машко дете.
-Во однос на поранешните бремености имав повеќе утрински мачнини. Не очекував оваков публицитет – рекла Сесил.
Инаку, оваа витална жена која секојдневно оди на трчање и вози велосипед, нема да се вклучи во воспитувањето на својот внук. Метју е тој што ќе остане дома и ќе се грижи за синот, додека Елиот ќе работи.