Во еден момент, како што пишуваат српските медиуми. на Рада ѝ се слошило, а нејзината колешка веднаш притрчала на помош.
Александра Пријовиќ цело време била со неа, а луѓето ја полевале со вода.
Инаку, Братот на Дијана, Душан се прости од сакана сестра. Неговиот глас треперел, додека низ гробиштата се слушал плачот на присутните.
– Ти беше мојот постар брат, пријател, поддршка, мојата љубов, мојата принцеза, моето девојче, најубава, најсакана, моја миленичка, мое се. Моја надеж, татина сакана ќерка, мајкино најубаво. Ова не е крај, бидејќи смртта е само животен пат. Фала ти за сета радост која ја ширеше околу себе. Со својот успех сите не направи горди засекогаш. Чекај таму некаде на некое поубаво место повторно да ја понесеш лентата. Чувај се за нас, бидејќи не не напушти и остави. Ти си нежна ѕвезда која свети, небесна прашина која бдее над нас, дијамантски отсјај. Почивај во мир, ангелу наш – прочита со треперлив глас брат и Душан.