Светот со безброј почести за кралицата на рокенролот, Тина Тарнер, која по долго боледување почина на 83-годишна возраст.
Покрај познатите личности како Мик Џегер, Глорија Гејнор, Наоми Кемпбел и многу други, Американската вселенска агенција НАСА, исто така, оддаде спектакуларна почит во чест на покојната музичка легенда, Тина Тарнер.
„Едноставно најдоброто. Музичката легенда Тина Тарнер блесна на сцената и во милиони срца како кралица на рокенролот. Нејзиното наследство засекогаш ќе живее меѓу ѕвездите’, објави НАСА, споделувајќи неверојатна фотографија од огромен број ѕвезди на нивниот Твитер профил.
Многу луѓе ги воодушеви објавата на НАСА, и реагираа со свои коментари:
„СПЕКТАКУЛАРЕН ТВИТ @NASA прекрасен начин да се почести Тина“.
„Ова е прекрасно, и зборовите и сликата. Ви благодариме “.
„НАСА го стави првиот човек на Месечината. Тина засекогаш отиде кај ѕвездите’.
„Сега таа е најсветлата ѕвезда на небото! Бог да ја забрза г-ѓа Тарнер!’