БРЗАЛЕ ДО ГО ОДНЕСАТ ДВЕГОДИШНИОТ СИН НА ОПЕРАЦИЈА: Во Белград, во сообраќајка настрада речиси цело семејство (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Во тешката сообраќајна несреќа што се случи рано утрината пред Владата на Република Србија во Белград, настрада семејство од Ариље, 42 годишен возач на БМВ-то Раде Н., неговата 35 годишна сопруга Јелена П. и 20 годишниот Никола Н. син на настраданиот од неговиот прв брк.

Тие брзале кон болницата во Белград каде го носеле на операција својот двегодишниот син, кој е исто така во тешка здравствена состојба.

До несреќата дојде кога возачот на автомобилот поминал на црвено светло и удри во комбе кое превезувало патници.

Од силината на ударот автомобилот се заби во зградата на Владата на РС, а комбето излета на тротоар.

Повредени се сите патници од комбето.

останати вести