Килијан Мбапе неодамна ја заврши сезоната и се прости од Пари Сен Жермен, а додека чека официјална промоција во Реал, францускиот репрезентативец реши малку да одмори и да ужива во Кан.
Градот кој е познат по својот филмски фестивал ги угости Мбапе и Усман Дембеле, а токму во разговорот меѓу двајцата се видела сцена која стана вирална.
https://twitter.com/i/status/1792227746057191892
Имено, Мбапе разговарал со соиграчот од репрезентацијата и ПСЖ, а во еден момент здогледал девојка и останал изненаден од нејзината
Французинот не можеше да го сокрие ентузијазмот, дури и му ја покажа на Дембеле, а во меѓувреме беше откриено која е девојката која го остави Мбапе без зборови.
Станува збор за извесна Леа, инфлуенсерка и манекенка која преку ноќ стана популарна. Толку многу што бројот на нејзините следбеници на Инстаграм се зголеми од 10.000 на 90.000 за многу краток временски период.