НАСКОРО ВЕНЧАВКА: Дунавка Трифуновска се сврши со Ване Цветанов (ФОТО)

by Тони Зографски

На стартот на новата година, некогашната манекенка Дунавка Трифуновска се сврши со нејзиното момче, поранешниот директор на финансова полиција Ване Цветанов.

Цветанов, кому денеска му е и роденден, свршувачката ја објави на својот Фејсбук профил, каде добива бројни честитки од своите познаници и пријатели.  Исто така за репортер.мк  тој откри дека наскоро ќе има и венчавка.

Од фејсбук профилот на Цветанов може да се види дека тој и неговата избраничка за новогодишните празници уживале на охридскоро крајбрежје.

Инаку, за нивната врска се дозна летоска, кога беа на одмор во Турција.

останати вести