Кога имала 22 г., Присли слушнал дека живее во Мемфис и сакал да ја запознае. Актерката тогаш се согласила, но на нивниот заеднички пријател му рекла дека „не се согласува ако тој лично не ја покани“. Набргу тие се нашле во театарот што Елвис го изнајмувал до полноќ.

-Тогаш мислев дека е престар за мене, а и Битлси беа моја музика… но постоеше хемија помеѓу нас. Мирисаше на сапун, слатко како шеќер и пот – открила Шеперд за британски Експрес, додека за Елвис на Лари Кинг уште во 2000. година му кажа дека славниот пејач бил „брилијантен, забавен и срдечен“.

Таа откри дека не чекала долго време да стане дел од неговиот сексуален живот, со оглед на тоа што е познато дека „кралот на рокот“ чекал и не спиел пред бракот со својата сопруга Присила.

– Му се допаѓаше кога девојките носат бели гаќички, јас тоа го одбив – истакнала Шеферд, алудирајќи на тоа дека Присли наводно го фасцинирале невини и млади девојки, како неговата тогашна сопруга Присила, која имала само 14 години кога ја запознал.

Актерката открива и дека Присли не сакал да спие сам, како и тоа дека во тинејџерските денови го делел креветот со мајка му Гледис.

– И покрај тоа, Елвис беше секси и еден од најубавите мажи што некогаш сум ги запознала. Но, во креветот беше многу внимателен и помеѓу нас сè функционираше одлично – изјавила таа.

Таа сепак додаде дека Елвис не сакал орален секс, па таа морала да го научи на тоа.

Сибил раскажа и дека веднаш сфатила дека е зависник од дрога, но и дека тоа неа не ја интересирало.

– Често доаѓаше во спалната и буквално се онесвестуваше, или ќе ја оставеше дрогата на ноќното орманче покрај накитот – се присети Шеперд.

Иако со него имала само кратка афера, актерката никогаш не го заборавила времето поминато со музичката легенда велејќи дека го памети како „сладок и неодолив човек, но и сериозен зависник од наркотици“.