Ен Хијат е успешна деловна жена која води консултантска компанија во Силициумската долина, а неодамна открила како го постигнала тој неверојатен успех.
Ен истакнала дека доживеала многу подеми и падови, како и дека работела за еден од најбогатите луѓе на светот – Џеф Безос. Таа во периодот од 2002 до 2005 година била негова лична асистентка, а неодамна во разговор за „CNBS“ го објаснила начинот на кој добила работа кај основачот на „Amazon“.
Откако поминала неколку тешки кругови на елиминација во Центарот за процена, последниот во низа бил разговор со милијардерот лично, кој во тоа време бил извршен директор.
Џеф ѝ поставил прашање кои се нејзините цели во кариерата.
„Одговорив дека компанијата „Amazon“ е полна со страсни и амбициозни луѓе и тоа ме мотивира. Му реков: „Сакам да бидам како нив и да го научам она што тие го знаат“. Тие имаат знаење во областите кои јас лично сакам да ги развивам, така што вредноста на тоа искуство е очигледна, иако се гледа отстапувањето од мојата цел јас да бидам таа која некого подучува“, се присетила Хијат.
Сепак, од второто прашање, како и сите останати кандидати, таа останала прилично и видно изненадена.
„Безос го започна разговорот со ветување дека ќе ми постави две прашања и дека второто од нив ќе биде „забавна“ загатка. „Сакам да го процениш бројот на стакла во Сиетл“, ми рече, а потоа стана, зеде пенкало и ми кажа дека тој ќе пресметува“, додала Хијат.
„Бев исплашена, а потоа застанав да се смирам, потсетувајќи се себеси на тоа да размислам што го поттикнало да ми постави вакво прашање. „Сака да види како мојот ум функционира“, си реков. Сака да види како го разложувам комплицираниот проблем на мали чекори со кои може да се управува“, се присетила Ен, а потоа открила и како одговорила на ова комплицирано прашање.
Ен ја започнала пресметката со заокружување на населението на Сиетл на околу милион, претпоставувајќи дека секој од нив има куќа, возило, канцеларија или училиште кое го посетува и дека сето тоа има прозорци.
Таа ја засновала целокупната процена на просечниот број на прозорци по глава на жител.
„Ги разгледавме сите сценарија, аномалии и можни начини да ги објасниме исклучоците. Имав впечаток дека разговаравме за тоа со часови додека Безос запишуваше бројки на таблата, а сигурна сум дека не траеше повеќе од 10 минути. Се сеќавам и дека беше прилично емотивен кога ја пишуваше конечната процена. Тој го заокружи бројот и рече: ‘Ова изгледа прилично точно’“, вели таа.
Ен му е денес благодарна за она што Безос ја научил.
„Го проценуваше мојот потенцијал, поставувајќи ми прашања кои требаше да утврдат дали имам доволно храброст, сила и мотивација да го следам сопственото темпо и постојано да ги поместувам границите и да напредувам“, заклучила Хијат.