Министерот за надворешни работи, Никола Димитров преку својот Фејсбук профил им се заблагодари на своите пријатели за роденденските честитки.
„Фала ви знајни и незнајни добри луѓе на честитките, срдечноста и убавите желби! Од мене и од син ми Калин, за кого имав среќа да се роди на мојот роденден: да сте живи, здрави, среќни и исполнети, со љубов, верба и надеж, и со сите ѕвезди ортаци! Важни се годините, но важен е и духот, како што впрочем вели сликава. Инаку, далеку сум уште од 50ка да сме на чисто“, напиша Димитров.
Инаку Никола Димитров наполни 47 години.