Жената со најголема уста на светот покажа во емисија што може да стави во неа (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Американката Саманта Рамсдел го сруши Гинисовиот рекорд за најголема женска уста на светот, а сега во живо преку телевизија демонстрира колку може да се смести во неа.

За време на гостувањето во емисијата „Ова утро“, таа зеде јаболко и го пикна целата во уста, а потоа истото го направи и со сендвич со мисирка.

„Ете луѓе, тоа значи да се има најголемата уста во светот“, вели водителот.

Како што е објавено на официјалната веб -страница на Гинисовата книга на рекорди, устата на Саманта е широка дури 6,52 сантиметри. Таа редовно ја покажува својата голема уста на социјалните мрежи, а 1,7 милиони луѓе ја следат на TikTok.

„Да се ​​има 31 година и да се држи рекорд за нешто за што навистина бев несигурна и што посакував да беше помало, е одлично чувство и тоа сега ми е една од најдобрите работи “, заклучила таа.

https://twitter.com/i/status/1424666617863081984

останати вести