Плус сајз моделот Ешли Грејем и нејзиниот сопруг Џастин Ервин станаа родители на момче, а Ешли ја соопшти убавата вест преку Инстаграм.
-Во шест часот последпладне во саботата нашите животи се променија на подобро. Им благодарам на сите на љубовта и поддршката за време на овој неверојатен период, напиша таа во објавата.
Ешли и нејзиниот сопруг се венчаа пред девет години, а до брак живееја во целибат за да си докажат еден на друг верност и посветеност.