Голманот од редовите на актуелниот првак, Шкендија, Дино Захов и некогашната ракометарка на Вардар, Јованка Радичевиќ ја раскинаа сврувачката.
Тие веќе три години беа во врска, а пред 18 месеци се свршија, но изгледа дека толку траела љубовната бајка.
Поради професионалните обврски на двајцата не стасаа да направат свадба, иако на големо го планираа и тој чекор, а ги избришаа и нивните заеднички фотографии од социјалните мрежи.