“МНОГУ ГО САКАВ АЈРОН МЕН“: Ѓоковиќ мистериозен за предметот на градите (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Новак Ѓоковиќ ја оствари и втората победа на годинешниот Ролан Гарос, а тениските фанови беа љубопитни за црната плочка која камерите ја забележаа на неговите гради при пресоблекувањето на маиците на мечот со Фучович.

Српскиот тенисер не загуби сет, иако во првиот мораше да игра тај-брејк, а коментаторите се шегуваа дека користи технологија слична на супер херојот „Ајрон мен“, кој на слична позиција имаше реактор.

Ѓоковиќ бил прашан за предметот по мечот, но не открил многу детали за истиот.

– Многу го сакав „Ајрон мен“ кога бев мал. Затоа мојот тим овде донесе нанотехнологија која е најголема тајна во мојата кариера. Да не е таа, веројатно не би седел сега овде, – истакнал Ѓоковиќ, кој во следното коло ќе се сретне со Давидович-Фокина.

https://twitter.com/i/status/1664010240906657793

 

Image

Image

останати вести