Верувале или не, доживотнито претседатела СФРЈ Јосип Броз Тито бил почесен каноник на Папата и според наводите на италијанските медими, негова желба била да умре во католичкиот дел на Југославија, односно, во Љубљана. Наводно, на денот на неговата смрт во тајност таму му одржале посмртен ритуал, пред телото да биде испратено за Белград.
Овие шокантни тврдења ги изнеле и неколку други автори во книги и публикации, во главно кај српската дијаспора додека постоела СФРЈ. Подоцна, навистина се најдени документи за тајните контакти на Тито со ватиканските челници, за кои не знаеле ни највисоките раководители во тогашна Југославијан а ниту дипломатите во Рим.
Можеби најзаслужен за релацијата Тито- Ватикан бил фратар Крунислав Драгановиќ, близок соработник на Анте Павелиќ. Тој е главен организатор на трансферот на усташите во Јужна Америка, а во 1967 година Тито му дозволил да се врати во Југославија, каде во Сараево живеел се до својата смрт, во 1983 година.