Српскиот политичар Палма за две секунди го патосираше водителот на утринска (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Во утринската на српската ТВ Прва, политичарот Драган Марковиќ Палма го патосираше водителот Филип Чукановиќ.

Имено, Палма се фалел како кондицијата ја одржува со редовни тренинзи, а Филип во шега му возвратил:

“ Ве поздравуваат гледачите на Инстаграм и сакаат да го видат тренингот. Морате тоа да го организирате и да го покажете, малку ме разачаравте“.

Сепак, Палма одлучи да покаже еден од зафатите.

“ Можам да ви покажам, да видите, за две секунди ќе бидете на под, а нема да ве удрам“ рекол политичарот и го патосирал водителот кој кратко прокоментирал:

“Добро, жив сум“.

останати вести