Страсната врска меѓу Меган Фокс и Машин Ган Кели не престанува да ја интригира јавноста – парот шокира со своите провокативни модни изданија, но и јавни изливи на љубов кои со текот на времето се целосно неприфатливи, но и бизарни.
Така 36-годишната актерка неодамна на својот избраник му упатила низа комплименти под новите фотографии на неговиот Инстаграм профил.
„Никогаш никој со подобра структура на коски не одел по Земјата. Исклучително, разорно згоден. И уште висина од 195 сантиметри?“, напишала Меган.
„ Направи ми дете или убиј ме. Тоа се единствените опции“, додала атрактивната дама.
Да ве потсетиме, парот ја започнал врската во 2020 година, а и двајцата тврдат дека ги споила судбината и дека го почувствувале моментот на поврзаност. Меган поради оваа љубов, за која тврди дека се случува еднаш во животот, ставила точка на 10 години долгиот брак со колегата Брајан Остин Грин со кој има и тројца синови – Ноа, Боди и Џурни.
„Тој е мој физички тип кој буквално го манифестирам од својата четврта година. Исто така, јас сум четири години постара од него. Значи, мислам дека сум го освоила. Моите мисли и намери го обликуваа во личноста која е. Којзнае како би изгледал или кој би бил да не бев јас“, изјавила актерката за „Гламур“ минатата година.
Славната убавица се осврнала и на фактот што таа и Машин при веридбата во јануари испиле крв еден од друг.
„Значи, веројатно луѓето нè замислуваат со пехари додека пиеме крв еден од друг, дека сме како во „Игра на тронови“. Но, тоа се само неколку капки и тоа во ритуални цели. Се трудам да го контролирам тоа и да пуштам само неколку капки крв. Но, тој е многу похаотичен, сака само да ги исече своите гради со стакло и вели: Земи ја мојата душа“, раскажала актерката.
Фокс во една прилика изјавила и дека нивната врска има митски пропорции и дека да се сака музичар е исто како да си заљубен во цунами или шумски пожар.
„Веднаш знаев дека тој е тоа што го нарекувам близначка душа. Наместо сродна душа, близначката душа всушност подразбира душата да се издигне на доволно високо ниво за да може да биде поделена во две различни тела. Значи, всушност ние сме две половини од иста душа. И, тоа му го кажав веднаш затоа што го почувствував“, заклучила таа.
Колку сè во оваа љубов е драматично докажува и тоа што Машин признал дека некои од неговите апокалиптични стихови се инспирирани од пораки на неговата сакана.