ШТО СЕ ЗА НЕГО 22.000 ЕВРА ОД НОЌ: Дејвид Бекам се луксузира во еден од најскапите хотели во Доха (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Дејвид Бекам заминал во Доха без сопругата Викторија и децата, и не штедел. Тој помина речиси една недела во хотелот со пет ѕвезди „Mandarin Oriental“ во Доха, кој се наоѓа во ексклузивниот кварт Мешеирб. Престојува во еден од поголемите апартмани, апартманот Baraha View, кој има своја трпезарија, приватен консиерж, надворешен двор, базен и теретана.

Собата на најгорниот кат што ја има чини 22.000 евра од ноќ, а Бекам потоа ја напушти бидејќи обожавателите го забележале.

„Персоналот сакаше да го има овде и го викаа Сер Дејвид“ – вели извор од хотелот – затоа што тој е многу почитуван од сите. Другите гости не го гледаа многу бидејќи имаше прекрасен апартман кој е како хотел во хотел, што значи дека нема потреба да се меша со нив“.

Влегувал и излегувал од хотелот користејќи приватен излез во фоајето, па веднаш влетувал во лимузина со затемнети стакла.

За време на престојот во луксузниот хотел, Дејвид имал и личен готвач, а познато е дека му подготвувал јапонски Кобе стек и разни јадења со тестенини.

 

останати вести