Фамата околу љубовната драма, разделбата на поранешниот директор на АЕК, Роберт Орданоски и неговата сопруга Агнеса Органџиева сега продолжува преку кавга за украден цитат. Имено, Агнеса неодамна објави цитат за кој кажа дека е нејзин.
“Постојат два различни типа на начин на размислување:
Луѓето со фиксиран начин на размислување веруваат дека овие квалитети се вродени, фиксни и непроменливи.
Оние со размислување кое се развива, од друга страна, веруваат дека овие способности можат да се развијат и зајакнат со посветеност и напорна работа.“
На овој цитат, Оргаџиева беше потпишана.
Орданоски го пронашол оригиналиот линк каде што е споделен овој цитат и напишал:
„Порака до мојата поранешна, кога цитираш нешто, наведи го изворот. Сепак, цитатот е одличен.“.