Познатиот музичар ги почести своите следбеници на Инстаграм со фотографии на кои позира завиткан само во пешкир, а во преден план се неговото торзо и бројните тетоважи.

На една од фотографиите Малума злобно се држи за меѓуножјето додека гледа директно во камерата, а токму таа сцена навистина влијаеше на растреперените срца на неговите обожавателки.

Некои од нив во коментар се прашуваа дали сè уште дишат откако ги виделе неговите секси фотографии.

„Малума, душо“, „Па ова е навистина добро утро“, „Посакувам да бев таа шолја кафе во твоите раце“, „Ова ми го уништи срцевиот мускул“, „Сѐ што сакам за Божиќ е да бидам тој пешкир“ – беа само дел од хумористичните коментари на неговите следбенички.