Kоронавирусот предизвика голем хаос во спортот и општо во светот. Како резултат на падот на економијата голем број спртисти и клубови веќе имаат финансиски проблеми.
Интересна приказна објавија медиумите во Англија, во која спортистка најавува дека би побарала работа додека трае тениската пауза. Тенисерката Наоми Броуди во својата изјава призна дека размислувала да се вработи во супермаркет, со цел да заработи и дополнително да помогне.
„Тенисот е индивидуален спорт и мораме да заработиме пари. Ако не можеме да играме, нема ниту да заработиме. Тоа е многу едноставна математика. Разгледував огласи за работа во супермаркет, особено на почетокот од кризата кога бараа работници. Играчите од низок ранг не заработуваат многу, немаат заштедени пари и водат кампања од која би добиле помош“, изјави Броуди.
Британката инаку се наоѓа на 499 позиција од ВТА ранг листата.