Најмладата милијардерка во светот, Сара Блејкли, великодушно ги награди вработените за успехот на нејзината фирма Spanx.
Откако Spanx беше проценет на 1,2 милијарди долари (бидејќи инвестициската фирма Blackstone го откупи мнозинскиот удел во компанијата), основачот на брендот одлучила да го сподели богатството со нејзиниот тим.
Сара организирала забава за да го прослави успехот на компанијата, а на забавата им порачала на своите вработени дека ќе ги награди бидејќи без нив немало да има успех. Таа ги известила дека секој од нив ќе добие по 10.000 долари и два авионски билети од бизнис класа за дестинација по сопствена желба.
Со 500 вработени ова дефинитивно не бил мал гест.
„Ако одите на патување, можеби ќе сакате да излезете на навистина убава вечера, можеби ќе сакате да излезете во навистина убав хотел, па со двата авионски билети добивате и по 10.000 долари“, им објаснила Сара.
Видеото со реакцијата на вработената заврши на социјалните мрежи.