Момче се поли со бензин, се запали и се фрли во река – доби аплауз (Вознемирувачко видео)

by Тони Зографски

На социјалните мрежи кружи видео од тинејџер кој решил да се полие со бензин, да го запали и да скокне во река.

Бизарната и луда сцена е снимена со камера, а јасно е дека момчето е опкружено со луѓе (меѓу кои и деца) кои го бодрат.

Човек по име Џебедаја Линкер објави на Твитер дека е негов роднина кој е „жив и здрав“ и изненадувачки не добил „големи изгореници“.

Останува нејасно зошто решил да направи толку опасна работа, а откако излегол од водата, една девојка го прашала „жив ли си?“.

Тинејџерот се качил на оградата на пристаништето и грабнал запалка, а огнот веднаш го зафатил горниот дел од телото, вклучувајќи ја и главата.

Не носел ништо друго освен шорцеви за капење, пишува Дејли мејл.

останати вести