22-годишното момче објави видео на кое зема кофа полна со масло, вода, суви лисја и измет од кучиња и ја истура врз глава на патник во бриселското метро (STIB).

YaNike е познат по „јавните шеги“, а на неговиот канал може да се видат бројни видеа, пренесува The Brussels Times.

Во последното видео, момче се качува во возот, истура кофа и излегува надвор, додека луѓето гледаат шокирани.

Не знаеме која е причината за ваквата „акција“ (можеби кликови?), а надлежните бараат јутјуберот да добие соодветна казна.

„Не можеме да толерираме такви постапки кон нашите клиенти. Се понижуваат и тоа е недозволиво. Дополнително, дотичниот го извалка и возилото“, изјави претставникот на СТИБ.

Компанијата поднесе жалба и бара YouTube да го отстрани клипот од платформата. Локалните медиуми јавуваат дека 19-годишен млад човек, жртва на бруталната шега, поднел пријава до локалната полиција.