Холивудскиот глумец Арон Тејлор-Џонсон (31) е моментален фаворит за улогата на најславниот таен агент на светот, Џејмс Бонд. Актерот е најпознат по улогата во филмовите „Ана Каренина“, „Ноќни ѕверки“, а би можело да се каже дека неговиот љубовен живот привлекува повеќе внимание од неговата кариера.
Имено, тој низ годините е во брак со славната режисерка Сем Тејлор-Џонсон (55) која на пошироката јавност ѝ е попозната по филмот „50 нијанси на сиво“.
Интересно е тоа што неодамна тие ја прославиле годишнината од брак и тоа десетта по ред, а за таа прилика организирале забава на која ги обновиле своите завети. Тие инаку важат за еден од најстабилните парови во светот во шоубизнисот, а негативните коментари кои ги добиваат од сите страни никогаш не ги читаат.
Се чинеше дека на луѓето најмногу им пречел фактот што Сем е постара од Арон 23 години поради што следеле негативни коментари од кои можеби најлош е оној дека изгледаат како „мајка и син“.
Инаку, сопружниците кои ја чуваат својата приватност се запознале во 2008 година на снимање на мјузиклот за Џон Ленон којшто го режирала Сем, а Арон во него ја толкувал главната улога.
Актерот тогаш имал само 18 години, а режисерката 41, но не ги загрижувала големата разлика во годините и веднаш почувствувале хемија. Во октомври 2009 година се вериле и тоа на премиерата на мјузиклот.
Како што подоцна истакнале, во истиот момент тој знаел дека таа е таа и дека конечно ја пронашол својата сродна душа.
„Веднаш знаев дека Сем е мојата сродна душа. Веднаш знаев дека сакам да го поминам останатиот дел од животот со таа жена. Добро се сеќавам на тој ден, како и на денот кога ја запросив.
Познатиот Британец акцентирал и дека никогаш не ја почувствувал разликата во годините меѓу нив , објаснувајќи дека не можел да ја спореди со ниту една од своите врснички.
Инаку, парот има две деца, 12-годишната Вајлд и 10-годишната Ромија, а режисерката од претходниот брак има уште две ќерки.