Мијата утре во Куршумли-Ан ќе го промовира вториот албум насловен “Вида“

by Тони Зографски

Во рамките на Скопско Лето, пејачката Мијата утре (среда), од 20 часот, ќе одржи концерт во Куршумли-Ан со што ќе го промовира вториот албум насловен „Вида“.

Мијата ќе ја придружуваат: Валентино Скендеровски на клавијатури, Кире Мирчовски на акустична/електрична гитара, Горан Гешовски на бас гитара, Ратко Даутовски на перкусии, Иво Митковски на тапани, Мартина Нанеска, Елена Васова и Дино Хриџиќ придружни вокали.

Како гости на концертот најавени се: Теда, Фолтин, Дамир Пух, Наташа Миха, Александар Пешевски, Глигор Кондовски, Никола Стојмановиќ, Мартина Јаневска, Зоран Тортевски и Бранко Илиевски.

Билетите на влез на Куршумли-Ан ќе бидат по цена од 300 денари.

останати вести