Милош Биковиќ важи за еден од најатрактивните актери на поновата генерација. Неговите професионални ангажмани постојано го „фрлаат“ од една на друга локација. Актерот сето тоа знае умешно да го искористи за свои промоции.
На Инстаграм сподели фотографија на која е облечен во скапо одело, а за позиција за позирање ги одбра дрвените скали.
Некои од коментарите имаа прашувачки карактер, односно каква функција има вртоврската која ѕирка. Биковиќ не откри, но очигледно се работи за веќе однапред предвиден момент.