Мидлтон ја изненади јавноста со фотка во инвалидска количка (ФОТО)

by Тони Зографски

Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон заигра рагби со инвалидска количка, а кога во јавноста се појавија слики од настанот јавноста остана во шок.

Секогаш елегантната и грациозна Кејт Мидлтон учествуваше на рагби натпревар на спортисти во инвалидски колички -Rugby League Inclusive Dayu’ “ организиран од Рагби фудбалската лига, ФК Хал и Универзитетот во Хал.

Принцезата се приклучи на тренинзите со членовите на англискиот тим за рагби со инвалидска количка.

Рагбито со инвалидска количка е спорт кој им дава можност на сите да играат без разлика на полот или попреченоста, а Кејт Мидлтон неодамна беше домаќин на тимот во палатата Хемптон Корт и зборуваше за љубовта на нејзините деца кон рагбито.

„Моите деца едноставно го сакаат спортот и навистина уживам да ги гледам како го играат“, рече таа тогаш. Том Коид, англискиот тренер за рагби со инвалидска количка, ја пофали Кејт Мидлтон велејќи дека добро ѝ оди во спортот.

останати вести