Актерот Мет Дејмон открил дека бакнувањето на сет со актерката Скарлет Јохансон било вистински пекол за него, а објаснил и поради што тоа било така.
Холивудскиот актер тоа го признал во текот на играта за „LedBible“ во која заедно со колешката Емили Блант, морал да каже дали се согласува или не со изјавата дека личноста треба да ја предупредите доколку има лош здив.
Тој објаснил дека снимањето на сцената го завршиле пред ручек и дека и двајцата мислеле дека е готово со сцената, но наместо тоа режисерот сакал видео одблиску, откако Јохансон јадела сендвич со кромид.
Дејмон изјавил: „Отидовме на ручек и мислевме дека снимањето е готово. Јадеше сендвич со кромид за ручек, а потоа моравме да ја снимиме сцената со бакнеж одблиску, а таа кажа: „Ох, сра*е, штотуку изедов сендвич со кромид“.
Актерот изјавил дека во текот на снимањето на сцената се шегувал со неа поради здивот.