На 17.09 околу 12.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“, поради недоразбирање во сообраќајот, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.П.(26) и М.Д.(63), двајцата од Скопје.
На лицата им се сочинети записници за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.
Во врска со случајот бил извршен разговор и со сопатничките во нивните возила, кои се обиделе да ги спречат во пресметката.
Инаку видеото веднаш започна да се шири на социјалните мрежи уште завчера: