Черчил Овачи, 22 годишен фудбалер на локалниот фудбалски клуб во областа Ламво бил нападнат од своите соиграчи, откако направил кардинална грешка на пријателски меч по која примиле гол и го загубиле мечот.
Откако завршил мечот, соиграчите го нападнале и почнале да го тепаат брутално, нанесувајќи му телесни повреди по што реагирале други лица зада ги раздвојат. Но, физичката пресметка имала и второ полувреме, откако Овачи се соземал од ќотешкот, па на еден од соиграчите, му возвратил и го турнал од точакот пред заминување секој во својот дом, а сето тоа било искра за нов напад.
Во вториот напад, кој траел неколку минути, соиграчите го претепале буквално до смрт, а несреќниот дефанзивец иако станал после ќотекот, неколку метри од местото каде што го тепале, колабирал и во болница само му констатирале смрт.
Полицијата веќе го истражува случајот и сите осомничени според најавите ќе бидат уапсени и изведени пред суд.