Викторијанскиот хотел во Нова Шкотска бил планиран за уривање во 2018 година, но е спасен со продажбата на Galaxy Properties, кои што најавија дека ќе ја преселат зградата поблиску до улицата и ќе постави нова основа.
Зградата Халифакс била изградена во 1826 година и најпрво служела како дом, пред да биде претворена во хотел 70 години подоцна.
Компанијата „С. Раштон констракшн“ имала задача да премести зградата тешка 220 тони само десет метри, а биле употребени челична рамка, два багери, камион и 700 парчиња сапун!
Извонредното видео е објавено на Фејсбук и покажува како е изведена деликатната задача. Мајсторите објаснија дека сапунот се користел за да се направи предметот „полесно да се лизга на челичната рамка“, според UPI.com.
Планирано е хотелот повторно да се пресели во блиска иднина, поточно кога ќе заврши неговата реставрација.