Канадски политичар проголта пчела во текот на говор (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Премиерот на Онтарио, Даг Форд, неочекувано стана интернет ѕвезда откако се појави снимка на која случајно проголта пчела.

Политичарот држеше говор на прес-конференција, на тема приватна медицинска нега, кога во устата неочекувано му влета пчела. На снимката објавена на интернет се гледа како пчелата лета околу устата на политичарот, а во еден момент му влета во устата.

Шокираниот Форд во тој момент се тргна од микрофонот и се обиде да ја извлече пчелата, но залудно

„Штотуку проголтав пчела“, изјави тој додека пиеше вода. „Сигурен сум дека овој момент луѓето ќе го гледаат повторно и повторно. Леле, пчелата ми влезе во грлото“, изјави Форд.

Снимката стана хит на социјалните мрежи, а луѓето се шегуваат дека се напил вода како да испил лек, а не како да проголтал пчела.

останати вести