Поранешен американски маринец,Филип Банкс, спаси бебе од пожар. Тој стана херој во Феникс, кога помогна да се спаси животот на едно тримесечното бебе, јавуваат американските медиуми.
Филип бил на посета кај еден пријател, кога слушнал врева од надвор. Видел како станот на комшиите е зафатен од пожар и очајната мајка со синот во раце. Бенкс дотрчал под балконот на мајката, која му го фрли бебето за да го спаси. Мајката подоцна почина. Филип успеал да ги фати детето и да му го спаси животот, но за жал неколку секунди потоа Рејчел настрадала во пожарот.
„Таа е тука најголемиот херој кога го даде својот живот за да го спаси синот“, рече Филип.
Како што опиша, малечкиот Џејмсон се вртел како пропелер во воздухот додека паѓал, поради што било тешко да се фати.
„Дадов се од себе. Знам како да фатам, го научив тоа додека играв рагби на колеџ. Заслугите ги припишувам на рагбито и морнарицата која ме обучи да спасувам животи. Не мислам дека сум херој“, рече Филип.
Инаку, Џејмсон и неговата осумгодишна сестра се наоѓаат во болница и се лекуваат од изгореници.