Мадона објави фотографии од семејна прослава, нејзиното момче привлече најголемо внимание (ФОТО)

by Тони Зографски

Американската поп икона Мадона објави серија фотографии на Инстаграм на кои позира со своите шест деца на прославата на 24-от роденден.

Поп иконата неодамна го прослави својот 66-ти роденден во близина на Помпеја, а сега откри дека и роденденот на својот син го прославила во Италија.

Мадона позираше со синот покрај огромната торта со натпис „Среќен роденден, Роко“, а на прославата се приклучи и нејзиното ново момче, фудбалерот Аким Морис.

Пејачката и фудбалерот позираа во бели комбинации, а на една фотографија Морис ја држи за рака. Да потсетиме, Мадона и Аким се познаваат веќе некое време. Неколку месеци по раскинувањето со партнерот, кој беше 35 години помлад од неа, таа се заљуби во 28-годишниот Аким, а парот беше забележан во Портофино, Италија.

останати вести