Турчин кој исчезна во близина на Бурса, доброволно се вклучил во сопствена потрага, објави Дејли Сабах.

Бејхан Мутлу, жител на градот Инегол, во областа Бурса, бил пријавен како исчезнат во вторникот, бидејќи неговите роднини не можеле да стапат во контакт со него неколку часа.

Човекот излегол со пријателите, се опил, потоа отишол кон шумата и алкохолизиран, се приклучил на група спасувачи во операција за потрага по исчезнато лице.

Потрагата, која се фокусирала на шумската област каде што Мутлу последен пат бил виден, првично не резултирала со трага, но работите наскоро добиле неочекуван пресврт.

Кога групите за потрага и спасување почнале да го изговараат името на Мутлу, еден човек кој помагал во потрагата прашал: „Кого бараме? Јас сум тука “, откривајќи дека цело време им бил „под носот“.

Мажот бил одведен дома од властите откако дал исказ во полиција.